Корисниците на Добри Дол денеска од 13:00 часот имаат прекин во водоснабдување поради двоење во шахта, известуваат до Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
– На 03.01.2023 година поради двоење во шахта на улица 1/62 во Добри Дол, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Добри Дол, велат од претпријатието.
Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин се до завршување со работните активности.