Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја започна новата 2023 година со хуманитарна мисија.

Имено, градоначалникот Стефковски заедно со директорот на ЈКП Атанасовски, утрово беа во посета на семејството Здравевски од Ченто.

За посетата градоначалникот Стефковски информираше во објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Хуманоста и солидарноста ќе бидат наша водилка и во новата 2023 година. Утрово бевме во хуманитарна посета на семејството Здравевски во Ченто. Животната сторија на Вале ја запознав на еден од приемните денови кон крајот на декември. Денес по помалку од еден месец, она што беше недостаток за едно од дечињата кое е со пречки во развојот е надминато. Заедно со директорот на ЈКП им дониравме нов кревет со кои се овозможуваат подобри услови за живот на малото детенце. Дополнително на семејството им дониравме намирници за храна и хигиена за следниот период. Со оваа хуманитарна посета ја започнуваме големата божиќна хуманитарна акција во рамки на која од утре заедно со Црвениот крст ќе посетиме 500 семејства на кои ќе им донираме хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2023 12:34