По повод организацијата на Бадникарските поворки, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски организира дочек на дечињата во дворот на општината. На настанот заедно со Стефковски, дечињата во Гази Баба ќе ги дочекаат и уметниците Ламбе Алабаковски и Антониа Гиговска.

Во објава градоначалникот Стефковски, информира дека општина Гази Баба има организирано и бесплатен автобуски превоз.

Во објавата Стефковски напиша: Ги поканувам сите дечиња, утре 06.01.2023 година (петок) во 10:00 часот да дојдат во дворот на општина Гази Баба. Заедно со Ламбе Алабаковски и Антониа Гиговска во дворот на општината ќе ја испееме песната “Вечниот Бог”, а сите дечиња заедно со Ламбе и Антониа ќе ги даруваме со божиќни пакетчиња. Општина Гази Баба организира и бесплатен автобуски превоз од три локации во општината по што автобусите ќе застануваат на секоја постојка. Почетни локации на автобусите: Црешево на сред село во 09:15 часот; Идризово на автобуската станица во 09:15 часот; Хиподром на почетна 50ка во 09:30 часот. По настанот во општината со организираниот превоз ќе се упатиме кон централната поворка на плоштадот Македонија. Ве очекуваме! - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2023 14:23