Ана де Армас и Кијану Ривс глумат заедно во претстојното „спин-оф“ продолжение на „Џон Вик“ насловено „Балерина“, па глумицата открива дека филмот ќе содржи и „тепачка“ неа и ликот на Ривс.
– Четири месеци снимавме во Прага. Имаме уште еден месец. И, сѐ ме боли. Телото, грбот – сѐ ме боли! Целата сум во модринки!, рече таа во вечерната забавна емисија „Тунајт шоу“.
Нејзе не ѝ се непознати филмските акробации, откако се појави, на пр., во последниот „Џејмс Бонд“ филм, но таа вели дека „Балерина“ е на „сосем друго ниво“.
– Во „Бонд“ се појавив околу 15 минути. Ова е поинаков филм… Друго ниво. Пред некој ден, Кијану и јас ја вежбавме нашата најтешка каскадерска сцена, а тој без напор се тркалаше, и ме фрлаше, и правеше луди акробации. И знам дека не можам да се пожалам покрај него. Тој е навистина најдобар!, рече таа.
Де Армас во филмот ја глуми балерината-убиец Руни. Меѓу глумците се и Ијан Мекшејн, Ањелика Хјустон, Норман Ридус, Каталина Сандино Морено и Габриел Бирн.
„Балерина“ е во фаза на снимање, а „Џон Вик“ треба да се прикажува веќе од март.