Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска извршија увид во градежите активности на фекалната канализација во населеното место Страчинци. Проектот е во вредност од околу 30 милиони денари. Првата фаза е финансирана од Општина Гази Баба, а втората од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Ние за жал се уште зборуваме за вакви проекти, но тие се многу важни. Кога имаме добра соработка со локалната самоуправа, како Влада, секогаш ќе поддржиме вакви проекти и ќе најдеме средства за да инвестираме, истакна Нуредини.
Тој додаде дека и во иднина со заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе продолжат да инвестираат во проекти на општините.
– Реализираме и решаваме еден децениски проблем на жителите на населеното место Страчинци, додаде Нуредини.
Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 30 милиони денари, првата фаза ја финансираше Општина Гази Баба, додека за втората фаза средства обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Ме радува фактот што Општина Гази Баба од ден на ден се гради и менува и во наредниот период ќе продолжиме со реализација на многу вакви проекти, односно изградба на нови фекални канализации во повеќе населени места, потенцираше Стефковски.