Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во наредниот период започнува со засилени контролни активности за ослободување на јавните површини кои се под надлежност на општината, информираат од Општина Центар.

-Во деновите што следат, инспекторите ќе вршат надзори и ќе ги санкционираат сите правни и физички лица кои имаат поставено блокатори за паркинзи на улиците, тротоарите или другите јавни површини, соопштуваат од локалната самоуправа.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани и правни лица кои без потребна документација имаат поставено блокатори на јавни површини во најкраток можен рок самите да ги отстранат.

-Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општинските служби, а на одговорните ќе им бидат изречени глоби и санкции согласно Законот за јавна чистота, истакнуваат од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2023 14:54