Поларна мечка вчера нападнала и уби жена и малолетник во оддалечено во западна Алјаска, соопштија денеска локалните власти.
– Првичните извештаи покажуваат дека поларна мечка влегла во заедницата и бркала повеќе жители. Мечката фатално нападна возрасна жена и малолетно машко дете. Животното е застрелано и убиено од локален жител, се вели во соопштението.
Како што пренесе ДПА, војници и претставници на Одделот за риби и дивеч на Алјаска ќе отпатуваат во областа „доколку дозволат временските услови“.