На 18.01.2023 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Оддел за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога - Единица за недозволена трговија со дрога во координирана акција извршија претрес на две локации во дом кај З.Н.(20) од скопско Мралино.

При претресот се пронајдени седум пакувања марихуана и едно пакување со семки од растението канабис.

З.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2023 10:48