Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2023 09:12