Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Како што информираат денеска МВР, од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2023 10:39