Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2023 09:17