Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 10 возачи.Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2023 11:07