Од почетокот на Руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји.

„Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје, воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски, таква облека носат и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Покрај тоа што војната уништи бројни компании и корпорации, таа беше многу плодна за други фирми, како „М-ТАК“, на пр., која вработи 750 шивачки повеќе, кои работат во три смени, а според познавачите, годишниот приход е околу 150 милиони евра.

– Сѐ што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус… Тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема (доволно) на пазарот, изјави Александар Камишин – шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи „М-ТАК“ облека.

Компанијата е основана од Александар Карашев од Киев, на почетокот на ова илјадалетие. Со својата партнерка Наталија Коржењук ја отвори продавницата Милитарист во Киев, каде што првично продавале увезена опрема, а до 2014 година имаа шест продавници. Карасев успеал да набави и неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби. На крајот, тој ги донираше возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнаа да пристигнуваат во неговите продавници да се опремат за војната. Со тоа почна растот на неговиот бренд.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2023 09:21