СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ќ.(75) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катастарска парцела во Охрид, без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен општински орган, неовластено изградил куќа.

По извршена инспекциска контрола од овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор од опшина Охрид било донесено решение за отстранување на нелегалната градба.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2023 03:47