Програмскиот колегиум на ЈУ МКЦ е шокиран и целосно згрозен од изнесувањата на прес конференцијата на Градоначалничката на Град Скопје.

Најостро ги ДЕМАНТИРАМЕ изнесувањата на прес конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст.

Истите тие се предмет на клевета согласно законските прописи и нивна цел е целосно нарушување на интегритетот на институцијата и вработените кои се предмет на овие обвинувања.

За таа цел, свикуваме итна прес конференција во ЈУ Младински културен центар во петок, 27.01.2023 во 10 часот на кои ги свикуваме медиумите и заинтересираната јавност, за одговор од страна на МКЦ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2023 16:19