Членовите на Здружението на социолози на Македонија, врз основа на позитивните искуства од нивните повеќедецениски интеракции со Младинскиот културен центар (МКЦ), низ чии активности интелектуално, културно, политички и со постојано другарување се социјализирани повеќе генерации млади кај нас, независно од нивата национална, верска, јазична, полова или друга колективна припадност, а имајќи го предвид фактот дека јавните власти континуирано покажуваат деструктивен и дезинтегративен однос кон сите инстанции и институции од јавниот простор, искажуваат безрезервна поддршка кон членовите на МКЦ и се приклучуваат кон пошироката заедница за поддршка на нивните активности за одржување на автономна програмска политика.

Повторуваните обиди од страна на јавните власти за наметнување менаџерски решенија ги толкуваме како обиди за колонизација на последните острови на автентична младинска култура која е клучна за одржување на секое општество во живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2023 00:40