Кина продолжи да издава обични визи за јапонските граѓани, соопшти денеска кинеската Амбасада во Јапонија.

Почнувајќи од денеска, кинеската Амбасада и конзулатите во Јапонија ќе продолжат со обработка и издавање обични визи за јапонските граѓани кои сакаат да ја посетат Кина, се вели во соопштението на Амбасадата.

Овој месец, Кина престана да издава визи за јапонски граѓани откако Јапонија ги заостри правилата за гранична контрола поврзани со Ковид-19 за патниците кои пристигнуваат директно од Кина.

Јапонија протестираше поради суспензијата на визите за јапонските граѓани и побара од Пекинг да ја повлече својата одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2023 16:11