Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана како резултат на воените дејствија, објави денеска британската телевизија „Скај њуз“, повикувајќи се на невладината Советодавна група за рудници (Mines Advisory Group).

Според невладината организација, Украина е земја со најмногу мини во светот.

„Зафатеноста (со мини) е огромна. Не може да се спореди со Сирија или Авганистан“, рече Катерина Темплтон, претставник на организацијата.

Како што е наведено, во периодот од 24 февруари минатата година до 10 јануари годинава од во Украина од мини настрадале најмалку 611 лица.

За деминирање на украинските територии се проценува дека ќе бидат потребни повеќе години.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2023 03:11