Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“, сторена во периодот од 10.12. до 17.12.2022 година во објект на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје.

По преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

На 26.01.2023 со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото.

Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2023 04:04