Вечерва во Урбаната заедница Автокоманда се оддржа граѓански протест на кој на покана на граѓаните се приклучи и обрати градоначалникот Бобан Стефковски.

За протестот градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања

Вечерва на повик на граѓаните се приклучив на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда. Неможе Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците

Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2023 01:41