Американскиот производител на персонални компјутери „Дeл технолоџис“ (Dell Technologies) денеска соопшти дека ќе укине 6.650 работни места поради послабата потрошувачка на граѓаните и компаниите во услови на висока инфлација и повисоки трошоци за задолжување.

Технолошкиот гигант се придружува на голем број компании, вклучувајќи ги Aлфабет, Aмазон, Meта и Mајкрософт, кои најавија десетици илјади отпуштања во технолошкиот сектор, најмногу од падот на dot.com на почетокот на векот, според консултантската куќа „Challenger, Gray & Christmas“.

На крајот на јануари, „Дел технолоџис“ имаше околу 133.000 вработени, од кои приближно една третина во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 02:12