Сирискиот Црвен крст денеска ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1.600 лица.

- Ги повикувам сите земји од ЕУ да ги укинат економските санкции кон Сирија бидејќи е време да се укинат по ваков земјотрес, изјави директорот на сирискиот огранок на Црвениот крст Калед Хабубати на прес-конференција во Дамаск.

Сирија, на чело со претседателот Башар ал Асад, е под меѓународни санкции од почетокот на војната во 2011 година, што значително ја намали трговијата со остатокот од светот.

Дамаск посочува дека економската криза во земјата е директна последица на меѓународните санкции. Овие мерки против Дамаск беа воведени по задушувањето на продемократските протести, по што земјата беше зафатена од граѓанска војна.

Според Хабубази, сирискиот Црвен крст мобилизирал повеќе од 3.000 волонтери кои учествуваат во потрагата и спасувањето во погодените области. Разорниот земјотрес го погоди и југот на соседна Турција.

Во Сирија, 1.622 лица загинаа, а повеќе од 3.600 се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во понеделникот. Во истиот земјотрес, во Турција, според претседателот Реџеп Тајип Ердоган загинале 3.549 загинати, а 22.168 се повредени. Досега, од под урнатините се спасени повеќе од 8.000 граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 14:44