Русија побара од Американската амбасада во Москва „да престане да шири лажни вести во врска со нејзината воена операција во Украина“ и се закани дека ќе протера американски дипломати.

Повикувајќи се на висок извор од руското Министерство за надворешни работи, руската агенција Тасс објави дека е доставена официјална нота до Американската амбасада во Москва, со предупредување дека „американските дипломати вклучени во субверзивни активности ќе бидат протерани“.

Новата американска амбасадорка во Москва, Лин Трејси, пристигна во главниот град на Русија минатиот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 15:12