Москва констатира дека нечија „видлива рака“ се обидува да додаде антируски елементи на ситуацијата во Грузија, иако поводот за протестите во земјата нема никаква врска со Русија, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ситуацијата која послужи како повод за овие народни протести нема никаква врска со Русија. Освен тоа, гледаме нечија рака - не можеме да кажеме „невидлива“, таа е целосно видлива, бидејќи гледаме од каде грузискaта претседателка се обраќа кон својот народ, таа апелира до Грузијците не од Грузија, туку од Америка - и оваа видлива рака ревносно се обидува овде да додаде антируски елементи“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ истакна дека на позадината на ситуацијата во Грузија, постои ризик од провокации во однос на Абхазија и Јужна Осетија. Со оглед на овие околности, Москва „многу внимателно и со голема загриженост“ следи што се случува во Грузија.

Песков истакна дека Русија не се меша во внатрешните работи на Грузија и посочи дека Кремљ ја видел одлуката за повлекување на контроверзниот предлог-закон за „странски агенти“ што ги поттикна протестите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2023 15:50