Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Риши Сунак рече дека на Париз и Лондон им е потребен „нов почеток“ во односите.

Сунак истакна дека двете земји ќе го подигнат нивото на соработка на „ невидено ниво“ и додаде дека во тоа ќе влезе и договорот за ново енергетско партнерство и нов договор за цивилна нуклеарна енергија.

„Ако сакаме да бидеме искрени, нашите односи беа во предизвик изминатите години. Денеска ја подигнавме соработката на невидено ниво“, истакна Сунак.

Макрон рече дека е време за „нов почеток“.

Францускиот претседател додаде дека британските и француските односи понекогаш се во „прекин“ за време на спортски настани, но додаде дека историјата ги врзува двете земји.

Претходно, британскиот премиер рече дека Британија ќе и даде на Франција 480 милиони фунти (577 милиони долари) во текот на три години за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето за да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови.

Сунак го постави како еден од своите приоритети спречувањето на пристигнувањето бродови со мигранти до јужниот брег на Англија.

„Не треба да го решиме овој проблем, туку да го искорениме“, рече Сунак на прес-конференција со Макрон во Париз



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2023 04:05