Белоруски граничари во изјава за националната телевизија велат дека украинските граничари, на границата со Белорусија, закачиле „кукла во униформа на руската војска и ја нарекле Валера“.

Сергеј Павлов, официјален претставник на граничниот одред Мозир, рече дека Украинците наводно рекле дека куклата е „војник убиен во близина на Киев“.

Белоруските граничари тврдат и дека украинските колеги ја оштетуваат „инфраструктурата и покажуваат агресивни гестови, вклучително и оружје, поставуваат навредливи натписи на сообраќајните знаци, лепат летоци со апели и пуштаат политички аудио снимки и повикуваат оперативци со закани“.

Државната гранична служба на Украина одговорила дека „не заплашуваат, туку навестуваат“, пренесува „Украинска правда“.

За време на целосната инвазија на Украина, Русија ја користеше територијата на Белорусија, што доведе до тензија меѓу Белорусија и Украина, пренесува Кликс.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2023 10:00