Над 1,3 милиони ученици во турските области Газиантеп, Адана и Османије погодени од земјотресот денеска се вратија во училиштата, јави агенцијата Анадолија.

Околу 662.500 ученици во Газиантеп, 497.850 во Адана и 137.760 ученици во Османије продолжија со часовите по реновирањето и поправките во нивните училишни згради, што беа оштетени во земјотресот на 6 февруари што ја погоди јужна Турција, и во кој загинаа речиси 48.000 луѓе.

Учениците влегоа во училниците по едноминутно молчење и пеење на турската химна.

Образованието во училиштата повторно започна откако беше одобрено од Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени.

Како што јави Анадолија, во меѓувреме, продолжуваат подготовките за продолжување на наставата на 27 март во провинциите Адијаман, Малатија, Кахраманмараш и Хатај.

Повеќе од 13 милиони луѓе се засегнати од силните земјотреси кои потресоа 11 турски области – Кахраманмараш, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа. Преживеаните од земјотресот се сместени во голем број училишта и студентски домови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2023 12:27