Притвор за кочанец кој во семејна куќа во Виница, криел дрога во барабанот на мешалка за бетон.

ЈО информира дека Основното јавно обвинителство-Кочани донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел 104,54 грама наркотична дрога марихуана и помало количество психотропна супстанција 3,4 – метилен диоскиметамфетамин. Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница, известуваат од ЈО.

При претресот во куќата биле пронајдени и пет исушени, соголени и искршени гранчиња канабис.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена.​



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 12:05