Едно лице загина при уривање на четирикатница во Доха, главниот град на Катар, соопштија денеска властите.

Според катарското Министерство за внатрешни работи, спасувачите пронашле седуммина преживеани, а лицето кое загинало било во зградата во моментот на уривањето.

Надлежните се уште не дале објаснување за уривањето на зградата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 14:05