Полициски службеници вчера во скопската населба Кисела Вода уапсиле едно лице барано со потерница за издржување казна затвор од две години.

-Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага по цел во скопската населба Кисела Вода вчера го лишиле од слобода И. К. (45) кој бил баран со потерница по Наредба од Основен суд Охрид за издржување на казна затвор од две години за кривично дело казниво по член 279 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2023 15:10