На 27.03.2023 година во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (56) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 22.02.2023 во деловен објект на улицата „Биљановска“ Куманово влегол и одзел повеќе предмети.

А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 12:26