Откако на социјалните мрежи наидоа на потсмев и мајтап, Ковачевски и Бектеши денеска се соочија со разочараноста на народот и нивните сведоштва за тешкиот живот во Македонија.

Една од нив беше и пензионерка од Скопје која на Ковачевски му кажа дека со два денари поевтини макарони и еден денар поевтини јајца а пензија од 12.000 денари, пари за лекови нема.

Цениве се до плафон. Со два денари поевтини макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари, му се обрати таа.

Ковачевски и Бектеши пак, додеа ја гледаа празната корпа на Скопјанката се фалеа што Владата направила за граѓаните притоа ја спомнаа војната во Украина дека била една од главните причини за повисоките цени и инфлацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 13:23