Најмалку две лица загинаа денеска во напад во Исмаили центарот во Лисабон, соопшти португалската полиција, не наведувајќи повеќе детали.

Си-Ен-Ен Португалија објави дека осомничениот за тој напад е наводно државјанин на Авганистан, кој нападот го извршил со голем нож, а потоа бил застрелан и приведен.

Главната цел на Исмаили центрите е да поттикнат меѓусебна соработка и разбирање меѓу различните народи, заедници и религии, се наведува на нивната веб-страница.

Шиитските муслимани Исмаили се заедница на етнички и културно различни народи кои живеат во повеќе од 25 земји низ светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 13:52