Вкупно 298 санкции за сообраќајни прекршоци се изречени во текот на вчерашниот ден, од 10.00 до 14.00 часот, од секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција. Акциската контрола во областа на сообраќајот е спроведена на територијата на цела држава.

Како што соопшти МВР, при контролата санкционирани се 17 возачи за возење без возачка дозвола, а 17 возила биле упатени на вонреден технички.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 14:49