Властите во Тунис ја исклучуваат водата во главниот град и другите градови во обид да се намали потрошувачката во услови на голема суша.

Локалните жители соопштија дека водата е запрена во текот на ноќта без предупредување во градовите Тунис, Хамамет, Сус, Монастир и Сфакс.

Сушата е голем проблем во Тунис и Владата претходно предупреди дека може да ја исклучува водата во ноќе во текот на летото за да ја намали потрошувачката поради недостиг на резерви на вода во северноафриканската држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 15:04