Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска во доцните попладневни часови по локално време ја потресе северна Јапонија, соопшти националната Mетеоролошка агенција.

Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот е регистриран во близина на брегот на префектурата Аомори, со епицентар на длабочина од 20 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот бил почувствуван и на островот Хокаидо.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 15:31