Американскиот претседател Џо Бајден планира во наредните месеци да го прими во посета израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, објави денеска „Њујорк тајмс“.

Весникот се повикува на изјавата на американскиот амбасадор во Израел Томас Нидес, кој во интервју за „Тајмс оф Израел“, истакна дека датумот за средбата Бајден - Нетанјаху се уште не е одреден.

Без сомнение, Нетанјаху ќе дојде во Белата куќа штом ќе се усогласат нивните распореди, посочи Нидес.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 15:32