Основното јавно обвинителство Тeтово до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело повреда на угледот на странска држава по член 181 од Кривичниот законик.

- Со коментар со вулгарна и навредувачка содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело, соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.​



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2023 15:46