МВР информира дека вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот М.Т. (18) поради дрога.

-При преглед кај него на улицата „Пиринска“ во Куманово била пронајдена марихуана, додека подоцна при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени уште 10 опаковки марихуана и една дигитална вага, соопштуваат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2023 01:21