Француското цивилно воздухопловство побара од авиокомпаниите да откажат 20 отсто од своите летови во понеделник и вторник на некои аеродроми, поради продолжувањето на штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај кои протестираат против пензиските реформи.

Превентивните откажувања ќе се однесуваат на 20 отсто од летовите во Франција во понеделник и вторник на аеродромите во Марсеј и Бордо, а парискиот аеродром Орли исто така е погоден од мерката, соопшти Цивилното воздухопловство.

Побарано е намалување на бројот на летови на аеродромите во Тулуз и Бордо во текот на утрешниот ден, а во недела во Нант.

„И покрај превентивните мерки, сепак, може да се очекуваат прекини и доцнења“, се наведува во соопштението.

Главната асоцијација на европските компании, Ерлајнс за Европа (Airlines for Europe), побара од Европската комисија оваа недела да интервенира за да обезбеди летови над француска територија во случај на штрајк на контролата на летање



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2023 04:33