Американската кошаркарка Бритни Грајнер обелодени дека пишува книга за десетте месеци кои ги помина во затвор во Русија, а нејзините мемоари би требало да бидат објавени идната година.

Двократната олимписка шампионка беше уапсена на 17 февруари лани на московскиот аеродром Шереметјево, откако цариниците во нејзиниот багаж пронајдоа капсули за електронски цигари со масло од канабис, а на слобода беше пуштена на 8 декември по размена на затвореници меѓу Вашингтон и Москва.

Грајнер во книгата го опишува своето „строго и нереално искуство и застрашувачките моменти од секојдневниот живот во руската казнена колонија“.

Прославената 32-годишна кошаркарка во февруари лани беше ангажирана од рускиот тим Екатеринбург, за време на паузата во американската професионална лига.

Во август беше осудена на казна затвор од девет години, а потоа, откако желбата и беше одбиена, во ноември беше префрлена во казнена колонија во централна Русија.

- Апсењето беше почеток на тешко замислив период во мојот живот, за кој досега не бев подготвена да зборувам, рече Грајнер.

Американската кошаркарка е на слобода откако беше размената за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2023 04:45