На трибините на неодамнешен натпревар на бејзбол-тимот Чикаго кабс во САД, млад човек ја здогледал личноста од своите соништа, па направил сѐ што можел за да ја запознае...
Навивачот ѝ го предаде неговиот телефон преку публиката на трибините за да го добие нејзиниот број. Уредот секако стигна до девојката... Таа гласно се насмеа и се согласи да го внесе нејзиниот број, по што му го врати мобилниот на додворувачот. (Погледни видео.)
„Колку е ова слатко... Тој еден ден ќе им раскаже на децата - вака ја запознав мајка ви", „Момчето веднаш ѝ го даде мобилниот телефон со отклучен екран. Ох, тоа е љубов!", „Убаво. Многу ме интересира како ќе им мине првиот состанок", „Го гледав видеото сто пати и го гледам повторно. Прекрасно!" - пишуваат луѓето во коментарите на интернет-просторот.
Се огласи и девојката која беше цел на ласкавото додворување.
„Здраво пријатели. Ова сум јас на видеото и можам да потврдам дека немам момче", напиша девојката по име Оливија Марино, додавајќи шеговито - „Друштво, сите вие сте поканети на свадба“, во друга своја објава.
Според гласините, таа и додворувачот договориле прв состанок, па се чини, сеирџиите едвај го чекаат продолжението на оваа несекојдневна вистинита љубовна приказна.