Австралија воведува забрани и ограничувања околу рекреативното „вејпинг“-пушење, објави денеска тамошниот министер за здравство, Марк Батлер.
Согласно новите правила, електронските уреди за пушење ќе се продаваат само во аптеките и ќе биде забранет увоз на оние уреди коишто не се нарачани од аптеките. Ќе бидат забранети сите електронски цигари за еднократна употреба и ќе се воведат ограничувања на пакувањето, вкусовите, боите и достапноста, како што нагласи министерот во обраќањето пред Националниот клуб на новинари на Австралија.
- Нема повеќе вкусови на гума за џвакање, нема повеќе „розови еднорози“ или е-цигари во шарени кутивчиња за деца што може да се скријат во кутија за моливи. Наместо тоа, ќе имаме обични пакувања со едноставни вкусови. Пушењето е-цигари е „најголемата дупка“ во австралиската историја и Австралија нема да дозволи придобивките што ги постигна во намалувањето на употребата на тутун да се поништат со нова закана по здравјето, рече Батлер.
Батлер рече дека пушењето во Австралија станало „рекреација“ за тинејџери и млади луѓе кај кои сега има три пати поголема веројатност да пропушат.
- Електронските цигари, властите и заедниците во дел од светот ги продаваат како терапевтски производ за помош на долгогодишните пушачи да се откажат од цигарите. Нема да стоиме на страна и да дозволиме пушењето е-цигари да создаде уште една генерација зависници од никотин, додаде тој.
- Знаеме дека поскапата цигара е помалку привлечна цигара!, истакна Батлер.
Taкa, Австралија ќе ги зголеми даноците за тутунот за пет отсто годишно следните три години, меѓу другото, и за исплаќање на програмата.