Џејн Појнтер е една од основачите на компанијата за вселенски патувања, „Спејс перспектив“ (Space Perspective), и сака таа да биде првата што ќе понуди можност за венчавки во вселената.

- Веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а свадбите ќе се изведуваат на вселенското летало „Нептун“. Има двојки кои сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа, рече Појнтер за „Кул даун“ (The Cool Down).

„Нептун“ е одржливо и безбедно летало за на или над планетата Земја. Се состои од „Вселенски балон“, „Резервен основен систем“ и „Капсулата Нептун“.

За разлика од другите вселенски бродови каде што делот со екипажот се одвојува од другите делови при летот, капсулата тука останува поврзана со „Вселенскиот балон“ во текот на целиот лет, од полетувањето до слетувањето, со што нуди безбеден и удобен лет.

„Спејс перспектив“ сака да овозможи вселенско патување за што повеќе луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 12:47