Македонија се најде на 39-тото место со индекс на мизерија од 50,4 благодарение на невработеноста, покажува листата на најмизерни земји во 2022 година, која ја направи професорот по применета економија на Универзитетот „Џон Хопкинс“, Стив Ханке.

Ист индекс со Македонија има Мјанмар, а веднаш зад нас се Алжир, Нигерија, Тунис и Мавританија…

Кога станува збор за другите земји во регионот, најмизерна е Босна и Херцеговина на 18-то место, Црна Гора е на 34. место, Србија на 54. место, Романија на 79-то, Грција на 84. место, Албанија на 97. место, Хрватска 98. место, Бугарија на 101. место и Словенија на 118-то.

На првото место се наоѓа Зимбабве, чиј индекс на мизерија е 414,7. Како најголем фактор за лошата состојба во оваа земја се наведува инфлацијата.

Комплетната листа содржи 157 земји. Последното место го зазеде Швајцарија. Нејзиниот индекс на мизерија е 8,518 и со тоа важи за најмалку мизерна земја. Пред неа се Кувајт, Ирска, Јапонија и Малезија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2023 12:22