Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
„Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба на Врховниот евроазиски економски совет.
Премиерот се осврна и на прашањето за обезбедување на правата и безбедноста на жителите на Нагорно Карабах „во рамките на меѓународниот механизам“.
„Се надевам дека нормален конструктивен дијалог меѓу Баку и Степанакерт (главниот град на отцепениот регион Нагорно-Карабах) ќе започне наскоро“, рече тој.
Пашинјан на прес-конференција во Ереван во понеделникот рече дека го признава територијалниот интегритет на Азербејџан, кој го вклучува Нагорно Карабах, но под услов - безбедност на ерменското население.