Возачот на Формула 1 тимот Астон Мартин, Фернандо Алонсо, кој има пет подиуми во шесте овосезонски трки, рече дека и натаму чувствува оти не му се приближил на возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Холанѓанецот во доминантен стил победи на вчерашната трка за Големата награда на Монако, минувајќи прв низ целта пред Алонсо.

„Во квалификациите бевме близу, но на самата трка повторно видовме дека Ред Бул е доминантен. Така што веројатно ќе мора да прифатиме дека и следниот викенд ќе биде можеби како и која било друга трка оваа сезона во која Ред Бул е недостижен“, посочи Алонсо.

Следниот викенд на програмата е трката за Големата награда на Шпанија, која е од особено значење и за Алонсо, и за Ферстапен.

На 18-годишна возраст Ферстпен на патеката Барселона – Каталуња ја забележа своја прва победа во Формула 1 во дебитанскиот настап за Ред Бул во 2016 година, а тоа, воедно, е и местото каде Алонсо последен пат победи во 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2023 14:51