.[photo]

Енергетска дипломатија, технолошки иновации за енергија и трансформација на енергијата преку локална климатска акција, се темите на панели со коишто денеска ќе биде заокружено шестото издание на Македонскиот енерегетски форум МЕФ.

На панелите им претходат воведни обраќања на претседателот Стево Пендаровски и на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.

Фокусот на годинашниот МЕФ е зелената транзиција и енергетската отпорност.

На првиот ден од форумот вчера беа упатени пораки дека енергетската транзиција како клучна алатка во справувањето со климатските проблеми, мора да биде инклузивна, да се делува за диверзификација на енергетските ресурси, како и да се развиваат пазарите за да ги следат промените.


Втор ден МЕФ 2023, панели за енергетска дипломатија, иновации и трансформација

Северна Македонија уште еднаш доби потврда дека има поддршка од Еврпската унија во спроведувањето на енергетските реформи и оти ЕУ е нејзин сигурен партнер за забрзување на енергетската транзиција. Испорачани и беа и препораки - да обезбеди поголема вклученост на приватниот сектор и граѓаните во целиот овој процес и да обезбеди проекти со јасна методологија и критериуми преку кои ќе биде утврден приоритетот на инвестициите.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 09:57