Пингпонгарите на Младост 96 ја вратија титулата во Прилеп. Овој викенд се изиграа двата финални натпревари, прво во Прилеп па во Скопје. Првиот натпревар го доби екипата на Младост 96 со 4:1 додека вториот натпревар од финалето во плејофот против екипата на Телеком Нец , прилепчани победија со 4:3,и со вкупен резултат 2-0 ја освоија шампионската титула.

Ова е втора титула државен првак за Младост 96 во последните три години. Тимот во цела сезона имаше само еден пораз.

Викендот во Крушево се играа и топ 8 турнирите за најмладите категории и се постигнаа следните резултати:

Категорија У13 млади кадети/ки:

Момчиња:

1. Кристијан Каламадевски - ППК Берово

2. Леонид Гидалов - ППК Рисови

3. Кристијан Митев - ППК Пелагонија

Девојчиња:

1. Матеја Смолиќ - ППК Рисови

2. Моника Стајковска - ППК Берово

3. Лена Гидалова - ППК Рисови

Категорија У11 мини кадети/ки:

Момчиња

1. Кристијан Митев - ППК Пелагонија

2. Андреј Бејковски - ППк Пелагонија

3. Јован Пармачки - ППК Берово

Девојчиња:

1. Елена Марковска - ППК Крушево

2. Љубица Смилевска - ППK Крушево

3. Бојана Јовевска - ППК Берово.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 09:37