Актулениот министер за здравство Фатмир Меџити предпладнево го разрешил од функцијата раководителот на кардохирургија, професор др. Сашко Јовев, кардиохирургот кој го предводеше тимот кој ја направи првата трансплантација на срце, јави „Фокус“.

Директорот професор доктор Јовев добил образложение дека се рзрешува бидејќи не го послушал актуелниот министер во однос на дежурствата, поточно дека не требало да дежура, иако на тој начин им помага на помладите колеги.

„Фокус“ го побара кардиохирургот Јовев, кој ги раскажа причините за неговото разрешување.

„Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачаевски и министерот Меџити.

Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министериот, кој не се појави на самиот настан“, тврди доктор Јовев.

Според него, тоа е една од причините за разрешувањето, за кое уште нема никаков официјален допис од ресорното министерство.

Извор: Целиот текст може да се прочита на Фокус.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 22:23